Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новооткриената планета наречена Суперземја е пронајдена околу орбитата на најблиската соло-ѕвезда и истата нуди огромни импликации за шанси за присуство на вонземски живот.
Суперземја е откриена околу орбитата на најблиската ѕвезда на нашето Сонце. Бернардовата ѕвезда е црвено џуџе што е на само шест светлосни години оддалечено од нас – практично како да е во нашиот двор, во галактичка смисла. Сега, астрономите забележале „замрзнат слабо осветлен свет“, најмалку 3,2 пати е потешка од Земјата што кружи околу неа.
Data. Interpretation. Two views of the super-Earth planet orbiting Barnard’s Star, the nearest solitary star beyond the Sun. https://t.co/FVXBdarjap pic.twitter.com/KNnHfCz2p2
— Corey S. Powell (@coreyspowell) November 14, 2018
Планетата, позната како Бернардова ѕвезда Б, е втората планета најблиска до Земјата надвор од Сончевиот Систем и орбитира околу ѕвездата-домаќин еднаш на секои 233 дена.
Важно е затоа што е наш сосед, а ние сакаме да ги запознаеме нашите соседи – вели Игнаси Рибар од Институтот за вселенски студии на Каталонија и шпанскиот Институт за вселенски науки.
И покрај тоа што е релативно блиску до својата родителска ѕвезда, планетата добива помалку од 2 отсто од енергијата што Земјата ја добива од Сонцето. Тимот проценува дека има површинска температура од -170 Целзиусови степени – што значи дека таму е премногу студено.
Но, самиот факт дека секоја ѕвезда што ја гледаме има најмалку една до три планети што кружат, значи дека постојат 100 милијарди светови само во галаксијата Млечен Пат, а шансите некоја од нив да има услови погодни за живот се, во најмала рака, огромни.