Новото оружје од Путин им пркоси на законите на физиката (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На просторот од аеродромот Жуковски кај Москва беше одржана шестдневниот Меѓународен аеромитинг MAKS 2017 на кој домаќините, меѓу другото, ги претставија и своите нови моќни воени авиони.

Како што пренесува Russia Today, на аеромитингот кој во текот на шесте дена го посетија 450.000 луѓе, учествуваа околу 800 авиокомпании, а беа потпишани договори и меморандуми во вкупна вредност од 394 милијарди рубљи, или околу 6,6 милијарди долари.

Една од најочекуваните атракции на MAKS 2017 беше и промотивниот лет на рускиот повеќенаменски воен авион од петтата генерација на Сухој, млазниот ловец Сухој PAK-FA T-50. Двата примероци од овој футуристички авион, опремен со нови мотори и други подобрувања, го запреа здивот кај публиката со своите маневри со кои, како што јавува RT, им пркосеа на законите на физиката.

PAK-FA е создаден за да ги надомести тактичкиот авион од Сухој Su-27, а се очекува дека руското воено воздухопловство до 2019 година ќе ја добие и првата серија од овие борбени авиони.

Голем интерес кај публиката предизвика и ветеранот Иљушин Il-2, легендарен товаре авион познат како „летечки тенк“. Примерок од тој авион беше пронајден во 2011 година во едно езеро во Мурманската област, каде завршил после принудното слетување во Втората светска војна. Авионот беше изваден од езерото и реновиран, па беше прикажан на аеромитингот како еден од ретките преживеани модели од тој период.

На аеромитингот беше промовиран и експерименталниот авион TVS-2DTS, целосно изработен од композитни материјали. Тоа летало е наследник на уште еден стар и легендарен повеќенаменски авион – Антонов An-2, кој прв пат полета во 1946 година. Тој авион се произведува и денес, главно за земјоделски и рекреативни потреби.