Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Филмската адаптација режирана од Стивен Спилберг на неговиот омилен мјузикл West Side Story веќе почна да се прикажува во кино-салите во периодот пред католички Божиќ.
Судејќи по првите реакции, се работи за ремек-дело, а пофалбите доаѓаат на сметка на се`, од режијата до улогата на Рејчел Зеглар, на која ова и е филмско деби.
Мјузиклот е премиерно прикажан само неколку дена по смртта на Стивен Сондхајм (кој го напишал текстот во оригиналната продукција), а најголемите пофалби за филмот стигнале од самиот композитор, кој го пофали филмот на Спилберг во шоуто на Стивен Колбер во септември.
„Одлично е. Сите одете да го погледнете. Ќе се забавувате. А вие кои го знаете шоуто, ве очекуваат некои големи изненадувања“, изјавил Сондхајм.
Во филмот играат и Ансел Елгорт, Аријана ДеБозе и Дејвид Алварез. Во помала улога се појавува и Рита Морено, која во 1960-тите доби Оскар за најдобра женска улога во оригинална сцена на мјузиклот на Бродвеј.