Новости од Volkswagen: Одбројување до доаѓањето на новиот Golf 8


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уште точно 75 недели останува до доаѓањето на новата генерација на Golf, за кого од компанијата велат дека им е најважен производ.

Затоа и не е чудно што во целиот тој развој и производство се вклучени огромни ресурси. Конкретно, 1,8 милијарди евра изнесува трошокот за развој на новата генерација од фалимијата Golf, како и припремата на производните капацитети.

„Golf 8 Suppelier Summit“, дава уште некои одговори. Производните погони во Волзбург во кои дневно се произведуваат по 2000 автомобили во ден, останува место на производство и на Golf. Од компанијата велат дека овој автомобил ќе конкурира на 108 светски пазари.

Но, тоа не е се. До крајот на годината ни доаѓа и T – Cross, кој ќе биде најмалиот теренец произведен од оваа компанија. Исто така пред доаѓањето на овој теренеце ќе се направи и премиера на новиот модел од фамилијата Туарег.