Новооткриените бесни бури на Јупитер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Покрај тоа што е најголема планета во Сончевиот систем, гигантот Јупитер е и прилично „немирно“ место каде со векови беснеат жестоки бури.

Освен онаа најпознатата, големата „црвена точка“, која всушност е огромна антициклонска бура која трае стотици години, а се набљудува од 183 година, постојат и други бурни појави на оваа грандиозна планета.

Кога сондата „Џуно“ на НАСА ја стигна до оваа гигантска планета во 2016 година, откри уште побурни области – нејзините поларни региони.

„Џуно“ забележа девет големи места за невреме на северниот пол на Јупитер; еден огромен центар и осум помали околу него. Слична била ситуацијата и на јужниот пол со малку поинаков распоред, при што таму се случиле шест бури, пренесува Science Alert.

Пет од нив биле распоредени во речиси совршен пентагон околу централниот циклон. Сите овие циклони биле со слична големина, големи скоро колку САД .

Научниците првично не знаеле многу за овие поларни бури. Дали се постојани или не, дали ќе исчезнат наскоро? Сега, по неколку години мисија на „Џуно“, дознаа дека ова се прилично трајни бури, а по неодамнешниот 22. лет за собирање податоци, открија нешто интересно – пентагонот се претвори во шестоаголник, бидејќи минатата година во нивното формирање се вметна уште една бура.

„Овој дојденец е помал од неговите шест циклонски браќа. Тој е голем колку Тексас. Можеби подоцна ќе го видиме како расте со иста големина како соседните бури”, изјави астрофизичарот Алесандро Мура од Националниот институт за астрофизика во Италија.