Новооткриената категорија проѕирни планети ги изненадија научниците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на нашиот Сончев систем постојат неколку структурно различни вида на планети, меѓу кои не постојат целосно слични, но се категоризирани врз база на груба дистинкција.

Така имаме карпести како Земја, Венера, Меркур и Марс; гасовити гиганти Сатурн и Јупитер; мразни гиганти Нептун и Уран и џуџести планети како Плутон и Сера.

Колку што е разновидна оваа поделба, астрономите неодамна забележаа една новооткриена категорија планети што постојат во вселената – планети со супер-пуф.

Од сите егзопланети што се откриени досега, само неколку, помалку од 15 од нив, ги имаат карактеристиките на проѕирни. Астрономите изучувале три млади планети кои орбитираат околу sвезда оддалечена околу 2600 светлосни години. Овие планети се скоро големи како нашата најголема планета, Јупитер, но имаат помалку од 1% од нејзината маса.

Ова значи дека тие би можеле да имаат неверојатно мала густина; тие би можеле да бидат многу лесни, па астрономите ги споредуваа со шеќерната волна.

Трите споменати планети орбитираат околу sвездата Кеплер 51. Тие се откриени во 2012 година, но во 2014 година беше забележана нивната невообичаено мала густина.

Но, сега планетарните научници повторно ги анализираа податоците и излегоа со различно објаснување – можеби тоа се помали планети со гигантски прстени. Ова го објаснува необичниот однос на големината на овие планети, но исто така дава увид во процесите на откривање на прстенот на планетите во другите соларни системи.

„Теоретски, прстените би можеле да бидат откриени со детални фотометриски или спектроскопски анализи на промените во транзитот. Но, проблемот е во тоа што овие сигнали се екстремно суптилни и многу тешко се разликуваат“, напишале научниците во новата студија.

Телескопот гледа во одредена далечна sвезда и ги следи редовните варијации на нејзиниот сјај. Доколку падот на нејзината сјајност се појави на исто ниво и во ист интервал на време, тоа е предизвикано од егзопланета, која за време на минување меѓу таа sвезда очигледно го намалува неговиот сјај, пишува Science Alert.

Експертите можат да ја пресметаат приближната големина на егзопланетата со помош на нивото на сјајот на sвездата и, со друг метод, нејзината маса. Имено, како што планетите орбитираат околу матичната sвезда, тие влијаат на тоа со својата тежина, предизвикувајќи ѕвездата малку да ја разобличи.

Во случај на супер-проѕирни планети, намалувањето на сјајноста укажува на диспропорционална големина на планетата во однос на нејзината маса. Ова ги натерало астрономите Ентони Пиро од институтот за наука Карнеги и Шрејас Висапрагад од Калтех да разгледаат одблизу што навистина се случува. Тие размислуваа за тоа како планетите можат да бидат толку големи во исто време со толку мала густина. Тие дошле до заклучок дека тие можат да бидат планетарни прстени.

„Што ако ова се планети кои се полесни од шеќерна волна? Или што ако тие планети изгледаа толку големи затоа што се опкружени со прстени?“ рече Пиро.

Во нашиот сончев систем, дури четири планети имаат прстени – Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран. Сепак, само прстените на Сатурн се големи и истакнати.

„Се прашувавме – ако требаше да гледаме во нашиот Сатурн од далечна планета, дали би го препознале како планета со прстени или ќе ни изгледаше како супер-проѕирна планета?“ рече Висапрагад.

Астрономите Пиро и Висапрагад потоа продолжија да создаваат модели за да разјаснат дали прстените можат да ја објаснат необичната големина на овие планети. Одговорот беше да, но само некои од нив, не сите.

“Овие планети често орбитираат близу до матичните sвезди, што значи дека нивните прстени треба да бидат карпести, а не ледени. Но, дијаметарот на карпестите прстени има свои ограничувања, така што не секоја суперпроѕирна планета може да се вклопи во оваа група”, објасни Пиро.

Со оглед на овие ограничувања, само три егзопланети во моментов се согласуваат со критериумите за планети со прстени: Кеплер 87с, Кеплер 117с и ХИП 41378ф.