Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новоизбраниот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, денес доаѓа во официјална посета на Макеоднија, што е неговата прва официјална посета надвор од Европската Унија.
Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.
На почетокот на посетата, Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ”.
Од Делегацијата на ЕУ информираат дека поранешниот ЕУ Инфо Центар прерасна во Јуроп Хаус што ќе функционира како центар за млади и ќе нуди содржини кои се современи, привлечни и иновативни за младите.
Тој пред посетата на Скопје во интервју за МИА по ветото од Макрон на францускиот претседател му кажал дека „тоа се само преговори со ЕУ, а не и членство“.
Тој вели дека одлуката прво да ја посети Македонија е затоа што смета дека исходот во Советот на ЕУ бил неправеден кон Скопје и дека тоа што земјата не доби датум за преговори од ЕУ е, како што вели тој, мала пауза.