Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Погледнете како малите станови, куќи и простории имаат фантастични новогодишни декорации со помош на добри идеји и празнични трикови.
Одберете мала елка
Во мала просторија често нема место за голема елка, но тоа незначни дека малата елка нема да биде воочлива. Ако ја подигнете на постоље ќе добиете на висина, а нема да ви одзема многу простор.
Бидете иновативни
Наместо да додадете предмети во мал простор, заменето го она што го имате. Ако сте љубител на „направи сам“ проекти, новогодишни перничиња ќе си направите сами многу лесно.
Украсете ја клуб масичката
Масичката во дневната соба е централно место околу кое се збираат гостите, па така немојте да го занемарувате. Доволно е да ја прекриете со новогодишен чаршав или да ставите украсен свеќник.
Празничен дух на влезот
Дури и најмалиот стан или куќа треба да имаат една работа, а тоа е влезна врата. Ако во внатрешноста немате доволно место за декорација, изразете ја својата креативност на вратата. Ќе го осетете празничниот дух веднаш штом ќе си дојдете дома.
Не ја заборавајте терасата
Ако имате тераса, украсете ја. Оградата може да ја ураксите со вештачки зимзелени гранки и ламбичина. Не го заборавајте таванот од терасата кој исто така е одлично место за лампиони.