Новогодишна елка од 14 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот луксузен хотел со пет ѕвезди „Баија“ лоциран во Марбеља, за претстоните новогодишни празници своето лоби го украси со елка вредна речиси 14 милиони евра.

Вредноста на, можеби, најскапата елка оваа година, е во украсите кои содржат дијамантски прав, 24-каратно злато, како и јајца од ноеви и емуа. Има и доста необични слатки како додатоци. Особено се интересни 3D печатените чоколадни пауни.

Елката е дело на дизајнерката Деби Вингам, позната по нејзините оригинални потфати. Таа претходно направи и чевли со потпетици коишто чинеа 14 милиони евра, како и свадбена торта од 70 милиони евра.

Оваа елка, што е нејзин засега последен потфат, исто така, вреди околу 14 милиони евра, соопшти управата на хотелот.