Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот и европски шампион Вардар продолжува со засиливањата и комплетирање на тимот за следната сезона.
Најново засилување за „црвено-црните“ е 25-годишниот Бразилец, Хозе Толедо, кој доаѓа од Висла Плок.
Овој 25-годишен ракометар ги помина последните четири години во Полска, а се очекува да биде квалитетно засилување за Вардар, зашто е добар и во играта во напад и во одбрана.
Толедо е и бразилски репрезентативец, висок 193 сантиметри, а има златен медал од 2016 и сребрен од 2018 година на Пан Американските игри.