Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таљат Тони Слемани стана вистински вирален хит на интернет со неговата епска изјава дека „не постои грип“, а сега дели совети и покажува како треба да вежбаат сите за да останат здрави и во форма.
„Кога ќе се разбудиш, малку вртиш со главата, па потоа се фаќаш со десната рака за врат и малку се триеш, па потоа со другата“, дели совети Тони за полесно будење бидејќи, како што вели една од неговите омилени поговорки – „денот по утрото се познава“.
А на дело покажа и една вежба за оние кои имаат проблем со дебелината во долниот дел од стомакот.
„Никогаш не сум бил болен и не верувам дека постои болест. Освен скршеници на рацете и нозете, за кои се погрижуваат хирурзите, а нив ги ценам и почитувам. Ако те боли срцето, истрчај сто метри и ќе проработи како што треба. Вистинските бацили знаат каде да одат, а кај мене нема што да бараат“, вели тој.