Вебкафе

Ново технолошко чудо на Кинезите – воз кој „ќе лета“ со 350 км/час

Кога се во прашање технолошките иновации и достигнувања, Кинезите се посебен сој. За нив, едноставно, како да не постојат граници. Доказ за тоа е најновата технолошка иновација која ја промовираа.

Новиот воз кој го дизајнираа и изработија Кинезите може да се движи со брзина од неверојатни 350 километри на час.

Возот е со должина од 415 метри, има 16 вагони и место за повеќе од 1.100 патници.

Дизајниран е и целосно произведен во Кина, која има најголема железничка мрежа во светот, приспособена за брзи возови. Мрежата се протега на 22.000 километри.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top