Актуелно

Ново судско рочиште за „шамарите во Центар“

Денес во Кривичниот суд на ред е новото рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ на СЈО, во кој обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Минатото рочиште што беше закажано за 1 јуни беше одложено за денеска, бидејќи еден од обвинетите, Александар Трајковски заминал на службен пат во Хрватска.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да се обрати до градоначалникот и да го праша дали присуството на советникот во Хрватска било неопходно и дали тој знаел дека советникот треба да присуствува на закажано судско рочиште.

-Како градоначалник немам и не можам да имам информација кога одреден граѓанин има закажано рочиште на Суд. Особено за некое лице кое не е ни вработено во општината Гази Баба. Никогаш не сум имал, ниту некогаш ќе имам намера да заштитам некого. Секој оној кој извршил повреда на Законот и предизвикал кривично дело, треба за своите постапки да одговара пред судот. До сега, за овој случај никој не побарал било каква асистенција од мене, или пак информација околу неговото отсуство. Јас секогаш стојам на располагање согласно моите надлежности како градоначалник, за било каква асистенција или информација која би им била потребна на Специјалното обвинителство или Судот, изјави градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски.

Во досегашното судење за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Извор: Нова ТВ

Advertisements
To Top