Home Актуелно Ново семејно насилство во Македонија: Дебарчанец ја претепал сопругата

Ново семејно насилство во Македонија: Дебарчанец ја претепал сопругата

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на село Могорче поради физички напад врз неговата сопруга.  

– Лишен од слобода е Д.Д.(31) од дебарското село Могорче, Тој, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По наредба на Јавен обвинител одземена му е патната исправа и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. 

За една седмица ова е трет случај на пријава на семејно насилство.  

Во првиот случај полициски службеници го  приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал сопстената ќерка. Во вториот, приведен беше Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга. 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…