Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На денешното, ново судско рочиште за случајот „Рекет“, на предлог на обвинетиот Бојан Јовановски, на клупата за сведоци ќе седне бившиот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.
На последното рочиште свое сведочење имаше адвокатот Васил Димишков, брат на судијката од претходна постапка Весна Димишкова, што му одреди мерка притвор на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.
Во своето излагање сведокот Димишков истакна дека Зоран Милевски и Ана Камчева побарале од него да се приклучи во тимот адвокати во одбрана на Јордан Камчев. Но, по неколку дена откога размислил дека може да биде злоупотребен во понатамошната судска постапка, имајќи ја предвид позиција на неговата сестра, тој на Милевски и Камчева им побарал поголема сума за адвокатска награда, „со намера да ги откачи“.
Судскиот предмет за случајот „Рекет” e во фаза на презентација на вербални докази од страна на одбраната.