Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На новото судско рочиште за случајот „Монструм“ кое денес се одржува, беа читани СМС пораки и други транскрипти поврзани со петкратното убиство кое се случи кај Смилковското Езеро. Меѓу пораките кои беа прочитани, имаш и и СМС испратени од бившиот премиер и актуелен осуден бегалец Никола Груевски, пренесува Фокус.
Пораките од Груевски ги прочита судијата Огнен Ставрев.
„ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР за петкратното убиство. Тоа прави голема штета на државата“, вели Груевски.
Во друга порака пак Груевски пишува:
„Некоја организација на жени или МПЦ нека им реплицира на ИВЗ. Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови, а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки“, пишува Груевски до соговорник.
Истата порака на неколку места ја препраќа и тогашната министерка Гордана Јанкулоска, која додава: „ Срамота е ова што ни го прават говедата“.
Судењето е во тек.