Ново продолжение на седницата за избор на претседател на собранието


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Собранието на Република Македонија во вторник ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Во понеделникот седницата мина во знакот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се јавуваа за збор, а потоа и за реплики на говорите на нивните пратеници.

Прв зборуваше пратеникот Антонио Милошоски по што за реплика се јавија многумина пратеници од неговата партија. Оливер Спасовски од СДСМ процедурално реагира дека на тој начин се врши опструкција на седницата. Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека деловникот забранува реплики и контрареплики меѓу членови на иста пратеничка група, но оти со оглед на тоа што пратенички групи се уште не се формирани, пратениците имаат право на реплики и контрареплики, пишува РСЕ.

Милошоски рече дека кандидатот за претседател треба да биде од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи таа е победничка партија и тоа ќе ја одразувало волјата на граѓаните, а ќе било во согласност и со практиката во некои европски држави каде што претседателот на собранието не мора да е од владејачката коалиција.

Тој побара од Комисија која треба да се формира и која, како што рече, ќе работи следните денови, да го процени и моралниот и политички кредибилитет на идниот претседател којшто не треба да биде човек што не ја отфрлил тиранската платформа и не смее да биде аболициран криминалец. Собраниската седница од галеријата ја следат и странски амбасадори.