Ново правило на Инстаграм кое секој задолжително ќе мора да го почитува


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според новитетот кој на платформата го воведува Инстаграм, сите нови корисници кои ќе се регистрираат на оваа социјална мрежа задолжително ќе мораат да го почитуваат.

Станува збор за задолжително да внесат датум на раѓање, затоа што планира да воведе повеќе содржини кои се прилагодени на одредена старосна група.

Оваа социјална мрежа за споделување фотографии веќе има правило за корисниците да бидат постари од 13 години за да креираат налог.

Барањето на датумот на раѓање би и помогнало на компанијата кај огласувањето и пласирањето на одредени производи кои не се наменети за деца.

Тие информации ќе му помогнат на Инстаграм да не прикажува на деца реклами за коцкање, алкохол…

„Барањето на овие податоци ќе помогне во спречувањето на девата да се приклучат на Инстаграм, ќе помогне и младите да бидат посигурни и ќе овозможи општо побогати содржини кои се прилагодени за одредени старосни групи“, велат од компанијата.