Ново научно откритие: Еве што создала плимата од океаните на Земјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Три сателити кои работеле на истражување на Земјиното магнетно поле, откриле детали поврзани со создавањето на магнетно поле предизвикано од плимата на океаните.

За мапирање на ова „второ“ магнетно поле допринеле и податоците собирани 4 години мисијата Swarm на Европската Вселенска Агенција (ESA), а тоа може да ни помогне да создадеме подобри модели во врска со глобалното затоплување.

Физичарот Нилс Олсен од техничкиот универзитет на Данска ги презентирал овие изненадувачки резултати на овогодинешната средба на унијата на европските геонауки, објаснувајќи како неговиот тим истражувачи успеал да го забележи ова поле со многу слаб сигнал.

Тој објаснил дека се работи за поле 20 000 пати послабо од глобалното магнетно поле на Земјата, и дека на фундаментално ниво и двете полиња се резултат на динамо ефектот создаден од наелектризираните честички потопени во течност.

Посилното магентно поле се формира од постојаното движење на истопените карпи длабоко под нас, и остава потпис во честичките во земјината кора.

Но, деталите на второто ја зачудиле публиката на собирот.

Јоните кои се раствораат во водите на океаните исто така создаваат неверојатно слабо поле како што се движат низ океанските струи и плими, а тоа било откриено благодарејќи на мисијата Swarm. Taa се состои од 3 идентични сателити лансирани во 2013, кои моментално орбитираат на височина помеѓу 300 и 530 километри, собирајќи податоци за магнетните карактеристики на планетата.

Бидејќи водата е способна да задржува значителни количини топлина, предвидувањето на способноста на нашата планета да го впива вишокот топлина заробен од гасовите се базира токму на знаењето како плимите и струите се движат во три димензии.

Новата магнетно-океанска мапа има и уште една важна апликација, а тоа е осознавање на електричните карактеристики на Земјината литосфера.