Ново на PornHub: Рускиот корумпиран политичар се „онади“ јако!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руската политика за цензура не им може ништо на популарните веб страници од типот на PornHub. Да, веројатно најпознатата страница за возрасни директно му се спротивстави на рускиот државен врв.

И тоа го направија со стил. Објавија стриминг од документарниот филм со наслов Russian Corrupted Politician Fucked Hard. Станува збор за видео кое на тлото од Руската федерација е забрането со закон, а неговиот автор е Алексеј Навални, познат политички противник на Путин.

За западните медиуми видеото е достапно преку YouTube каналот од Навални.

Иако станува збор за стриминг, односно привремен пренос на веб сајтот, поради што видеото од документарецот не е веќе достапно на PornHub, Навални е благодарен на сопствениците на порно сајтот во кои препозна неконвенционални партнери.

Документарецот се занимава со обвинувањата за корупција упатени првенствено кон премиерот Дмитриј Медведев, близок соработник на Владимир Путин.

Видеото е објавено во март и привлече големо внимание кај интернет корисниците, а најхрабрите ги изваде и на улиците на протести кои набрзо беа придушени.