Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со најновото ажурирање на платформата, Инстаграм воведе некои иновации во дизајнот, но изгледа дека тоа на корисниците баш и не им се допаѓа.
Со новото ажурирање е променет изгледот на „Stories“ сегментот. Наместо како до сега, сите едно до друго, сега како што може да се види на фотографиите се поставени во два реда.
Ова ажурирање почна да се појавува на почетокот на јуни кај одредени корисници, но како доаѓа кај се поголем број луѓе, така има и се повеќе негативни коментари.
„Новиот апдејт на Инстаграм е толку грд што можеби и ќе го избришам“, „Дали уште некој го гледа вака Инстагра? Зошто, Боже, зошто?“, „Го мрзам новиот изглед на Инстаграм“, се само дел од коментарите на незадоволните корисници.