Новите случаи на коронавирус во Кина ја турнаа цената на нафтата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цените на нафтата денес доживеаја пад на азиските берзи заради загриженоста која ја наметна на нови случаи на коронавирус во Кина и САД за кој се смета дека би можел да го запре закрепнувањето на побарувачката на гориво, и покрај олеснувањето на мерките за ограничување на движењето на луѓето.

Цената на фјучерсите за нафтата „брент” од Северното Море падна за 22 центи, или 0,5 проценти, на 40,49 американски долари за барел во утринското тргување, откако во претходната трговска сесија падна за 25 центи.

Американската „лесна” н афта WTI утрово се тргуваше за тргуваше со пад од 1,0 процент, или за 38 центи, на ниво од 37,58 американски долари за барел со што го продолжи надолниот тренд, откако синоќа падна за 42 центи.

Прочитајте и… ОН: Пад на директните странски инвестиции во светот до 40 отсто, опоравување во 2022 година
Загриженоста за побарувачката на гориво се зголеми откако се појавија извештаи за пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Кина, поради што Пекинг ги прекинва летовите и ги затвори училиштата, а неколку американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Флорида и Калифорнија, пријавија нагло зголемување на новозаразени.