Новите безжични слушалки од Google во реално време преведуваат странски јазици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Google во Сан Франциско ги претстави своите нови хардвери, паметни телефони, лаптоп и надоградбата за Google Home звучниците, но сепак, најголемо внимание од сите новитети предизвикаа првите безжични слушалки од Google кои имаа можност за превод од странски јазик во реално време, додека го слушате говорот.

Слушалките се наречени Google Pixel Buds, а можат да се поврзат со било кој Android или Google Pixel паметен телефон кој е поврзан со виртуелниот звучен асистент од Google. Со Pixel Buds слушалките корисниците можат да се јавуваат на мобилен, да слушаат музика, а што е најинтересно од сè, слушалките преведуваат странски јазици во реално време.

Слушалките имаат опција за слушање и зборување на странски јазици со поврзување на мобилен телефон. Тоа значи дека при слушање на некој говор на странски јазик, слушалките автоматски го преведуваат тој говор на јазикот кој вие ќе го одберете.

Од друга страна, со помош на гласовниот асистент од Google, корисниците на Pixel Buds можат да разговараат со некој на странски јазик. На пример, со притискање на слушалките и изговарање на зборовите „дозволи ми да говорам италијански“, корисниците ќе можат да зборуваат на англиски, додека нивниот телефон говорот ќе го преведува на италијански за нивниот соговорник.

Гласовната асистентка или асистент на Google, преку слушалките, секогаш ќе ги известуваат корисниците за новите повици, пораки или случувања од календарот.

Google Pixel Buds поддржуваат 40 јазици, а на пазарот стигнуваат на 22 ноември, со почетна цена од околу 160 долари.