Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во обидот повторно да се врати во врвот на индустријата фокусирана на производство на мобилна телефонија, Nokia го лансира новиот X6 со кој првично ќе посвети на освојување на азискиот континент и кинескиот пазар.
Фотографија од новиот смартфон на Nokia се појави на социјалните мрежи и ни откри што можеме да очекуваме од неговото официјално претставување кое е закажано за денес, понеделник.
Се работи за телефон со елегантен дизајн кој има екран со популарниот notch, тенки рабови и испакнатина која личи на брада на долниот дел од телефонот, додека логото на Nokia се наоѓа во долниот десен агол.
Смартфонот доби екран од 5,8 инчи со формат 19:9 и резолуција од 2.280 х 1.080 пиксели. Основната верзија има MediaTek Helio P60 процесор, додека напредната верзија доби Qualcomm Snapdragon 636 процесор. И двете верзии ги напојува батерија од 3.300 mAh, а во понудата ќе се најдат и верзии со 4 и 6 GB RAM, односно 64 GB и 128 GB внатрешна меморија.
Сензорот за отпечатоци е поставен на задната страна, каде има и две вертикално поставени задни камери. Уредот има USB Type-C порт, тука е и 35-милиметарскиот отвор за слушалки, а телефонот користи Android 8.1 оперативен систем.
Основниот модел ќе чини 253 долари, додека напредниот ќе биде нешто поскап и ќе чини 283 долари.