Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Снимката која беше споделена на интернет го покажува новиот руски дрон кој е опремен со огнено оружје со цел да може да руши други помали објекти во воздушниот простор.
Станува збор за специјализиран дрон опремен со огнено вооружување наменет за соборување на помали летала од воздушниот простор.На новиот руски дрон работеле група на студенти од Институтот за авијација во Москва.
Рускиот производител на оружје „Алмаз Антеј“ го патенирал нивниот дрон и креирал прототип од ова летало.
Дронот е опремен со руска Вепр-12 пушка. Со ова огнено оружје на дронот се управува со помош на визирирот кој го користи управувачот на дронот на земјата.
Леталото полетува вертикално и може да лета во континуитет 40 минути. Дронот е дизајниран за неутрализирање на други помали летала кои евентуално би го загрозувале воздушниот простор или би носеле друг вид на закана за земјата.