Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
18-годишниот Сандро Тонали е новиот „бисер“ на италијанскиот фудбал и за неговиот потпис буквално се „тепаат“ најголемите клубови на Апенините.
Станува збор за играч за врска со исклучителна техника и визија, кој веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.
Моментално игра за Бреша, но ги привлече вниманието на најголемите италијански клубови кои веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.
Рома, Интер, Милан, Јувентус и Фиорентина се силно заинтересирани да потписот на Тонали, а неговиот агент открива дека „росонерите“ се најблиску до неговиот потпис.
„Во летниот преоден рок Рома, Фиорентина и Интер испратија понуди, но не постигнаа договор со Бреша. Во моментов најконкретен е интересот на Милан и сметам дека тоа би била идеална средина за Сандро, меѓу другото тој е голем навивач на росонерите“, изјави агентот на фудбалерот.