Новиот мистериозен убавец на Ferrari


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот автомобилски гигант Ferrari најави нов модел со нејасна силуета на нивниот заштитен коњ. Промоцијата е најавена за 17 септември.

Според најавите , претставувањето на новиот модел е резервирано само за сопствениците на Ferrari. Шифруваното име на моделот е F176 .

На заматената слика се забележува модел со широка предница , сличен на моделот Dallar Stradale, се шпекулира дека ќе биде базиран на моделот 812 Superfast,а официјалното име би било 812 Monza. Што се однесува за 812 Superfast, овој модел за погон користи 6,5- литарски V12 мотор со 788 KS и 718 Nm момент на вртење.

Стандардната верзија на моделот што го наследи F12 Berlinettа забрзува од 0-100 км/час за 2,9 секунди, a максималната брзина e 340 км/час. Новиот модел ќе го наследи J50, кој беше претставен кон крајот на минатата година , како специјална верзија на Ferrari во чест на 50 годишнината на пазарот во Јапонија.