Новиот филм со Вини Пу забранет во Кина – мечето го споредуваат со кинескиот претседател


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот филм со култното мече Вини Пу добри забрана од кинтеската цензура за емитување во Кина, бидејќи цртаниот лик стана симбол со чија помош голем број Кинези ширум земјата го исмеваат претседателот Кси Џинпинг.

Кинеската влада очигледно не е премногу расположена за хумор и шега на сметка на својот прв човек, па му мавна цензура и забрана за прикажување прикажувањето на новиот филм од Кристофер Робин, адаптација на омилената приказна за мечето Вини Пу на писателот А.А. Милн, пренесува Гардијан.

Споредбите започнале во 2013 година, кога кинескиот претседател ги посетил Соединетите Американски Држави и кога неговата фотографија со американскиот претседател Барак Обама била споредена со слика на Вини Пу кој шета заедно со цртаниот лик Тајгер.

Џинпинг бил повторно спореден со цртаното мече во 2014 година за време на неговата средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој пак е претставен во ликот на тажното магаренце Ејоре.

Како што овие мемиња почнале да се шират низ интернет просторот така и цензорите почнале да ги бришат сликите во кои се исмева Џинпинг. Минатиот месец бил блокиран вебсајтот на ХБО, откако комичарот Џон Оливер се потсмеваше со кинескиот претседател околу неговата чувствителност на споредбите со Вини Пу во телевизиски сегмент во кој се критикуваше лошата состојба со заштитата на човековите права во Кина.

Уште една слика на споредба на Џинпинг и Вини Пу, за време на воената парада во 2015 година, била најцензурираната слика на годината според списанието Глобал Риск Инсајдс. Според нив, кинеската влада го сметала мемето како „сериозен чин со кој се нарушува дигнитетот на паретседателската функција и на претседателот Џинпинг“.

Гардијан посочува дека дополнителна причина за забраната на новиот филм можеби е и тоа што Кина дозволува прикажување на најмногу 34 странски филмови во кино-салите секоја година.