Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот актер Даниел Крег, во улогата на Џејмс Бонд во најновото продолжение од филмската франшиза за тајниот агент 007, Bond 25, лошите момци и криминалците ќе ги брка со супермоќна машина Aston Martin Valhala вредна 1,5 милион фунти.
Aston Martin Valhala е суперавтомобил кој претставува вистинска технолошка ризница, а ќе биде еден од трите автомобили Aston Martin што ќе се појават во следниот филм за Џејмс Бонд.
Valhala го движи V6 турбо бензински мотор со моќ од 1.000 коњски сили. Од 0-100 км/час стигнува за 2,5 секунди и вози до максималните 354 км/час. За разлика од Aston Martin DB10, осмислен само за филмот „Spectra” , Aston Martin Valhala е автомобил кој ќе може да го вози секој што ќе плати 1,5 милиони фунти.
Двата други автомобили во новиот серијал за агентот 007 се класичен DB5 од раните 60-ти години на минатиот век, кој го возеше Шон Конери во „Goldfinger” во 1964 година.
Третиот модел што ќе се појави во најновиот филм за Џејмс Бонд ќе биде Aston Martin V8 Vantage од 1987, кој го возеше Тимоти Далтон, кој го играше Џејмс Бонд во филмот „The Living Daylights” .