Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во новото продолжение од франшизата за најпознатиот филмски агент на сите времиња, Џејмс Бонд 007, славниот шпион ќе биде прав хипстер – ќе вози електричен модел на Aston Martin и ќе ја спасува животната средина на планетата Земја.
Британските медиуми најавија дека најновиот 007, кого повторно ќе го игра Даниел Крег, во 25. продолжение за Џејмс Бонд, ќе го вози електричниот автомобил Rapid Е, вреден околу 300.000 евра.
Од Aston Martin потврдија дека произведува ограничено издание од 155 примероци од тој автомобил , но од таму не коментираат за тоа дали се наменети за најновиот 007.
Режисерот Кери Џоџи Фукунага, како познат активист за заштита на животната средина, се заложил новиот Џејмс Бонд да не вози брзи бензински автомобили.
Фукунага дојде на местото на британскиот режисер Дени Бојл, кој се повлече минатата година поради „креативни разидувања”.