Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Без разлика на заедничкиот проект на BMW и Toyota, од германската компанија нагласуваат дека новиот Z4, освен платформата, нема да има многу заедничко со моделот на Toyota.
BMW и Toyota на купувачите нема да му понудат исти автомобил со различни ознаки. Ова додатно го потврди извршниот директор на BMW кој изјави дека новиот Z4 и новата Supra, ќе ја делат само платформата. Тоа претставува значителна заштеда за двете компании во време на мала побарувачка за таков тип на автомобили.
Концептот на Z4 кој беше претставен во август, со изглед и патнички простор е многу сличен со продукциската верзија која ќе се појави следната година.
Во основниот модел моторот ќе биде дволитарски четвороцилиндричен турбо бензинец. Ќе носи ознака S20i и ќе поседува нешто повеќе 180 КС, кој преку 6- степениот менувач ќе дистрибуира на задна осовина. А моторот со ознака S30i со исти карактеристики би требало да понуди околу 250 КС. Како врвна понуда ќе биде моделот Z4 M40i, кај овај модел шестоцилиндричниот мотор ќе нуди околу 350 КС. А за пренос на снагата ќе биде задолжен 8- степениот автоматски менувач.
BMW не планира да понуди Z4 M верзија. Со таква модификација би чинела премногу со што и цената на моделот би била многу висока.