Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот новинар Фабрицио Романо тврди дека постигнат е конечен договор помеѓу Меси и ПСЖ.
Романо пренесува дека договорена е двегодишна соработка со можноста истата за да се продолжи за уште една година. Според информациите Меси во следните часови ќе пристигне во Париз на редовните лекарските прегледи. Според Романо, договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година. Годишната плата на фудбалерот ќе биде околу 35 милиони евра без бонуси.
Претходно, утрово се појавија информации дека Барселона во текот на ноќта имала состанок со Меси на кој му била доставена нова, последна понуда, но изгледа дека такво нешто имало, а ако имало и таа не поминала покрај правилата на Ла Лига.
Веста ја потврдува и „Л’Екип“, па така сега само прашање на време е кога Меси ќе стане играч на ПСЖ.