Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот Ларис Гајзер од италијанскиот десничарски ориентиран весник „Ла Верита“, кој ги објави компромитирачките снимки со Бојан Јовановски, Зоран Милески и Орце Камчев, дел од аферата и случај „Рекет“, на Фејсбук објави статус со кој ги известува неговите пријатели и следбеници дека неговиот профил на таа социјална мрежа е хакиран.
Од официјалниот профил кој тој го користеше досега, напиша статус предупредувајќи ги пријателите на социјалната мрежа.
„Ако ја читате оваа порака: Мојот профил беше хакиран. Ниту еден друг профил не е мој. Тоа е замка. Ве молам не контактирајте никој друг профил со името Ларис Гејзер“, пишува во последната објава.