На голманот на Шапикоенсе му ги ампутираа нозете


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Шапикоенсе Џексон Фолман ја преживеа авионската несреќа кај Меделин, но за жал останал без двете нозе.

Фолман е еден од тројцата фудбалери, односно еден од шестмината, кои ја преживеаја авионската несреќа во која животите ги загубија 75 луѓе, од кои 19 фудбалери и 20 новинари.

Поради сериозноста на повредите лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе и неговата состојба е критична.

„Знаете дека се минимални шансите да преживеете авионска несреќа. Мораме да му се заблагодариме на Бога што нашиот син е жив. Вистина е дека му се ампутирани нозете, но не знаеме каква е неговата состојба. Ова е агонија за која чувствувам дека никогаш нема да помине“, изјави таткото на Фолман, Паул.