Новинар со жестоки навреди за Ѓоковиќ: Личи на кукла…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новинарот од Нов Зеланд, Марк Ризон напиша срамен текст за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Ризон не го сака Ѓоковиќ, па и претходно во своите колумни го критикуваше српскиот тенисер.

Меѓутоа, во својата нова колумна тој употреби лични дисквалификации и навредливи зборови за Ѓоковиќ.

„Сите работи поврзани со Србинот се погрешни. Да почнеме од фризурата… Личи на кукла, како да дошол од војска. Потоа гардеробата. Дали понекогаш сте помислиле дека прекарот Ноле значи – нема стил“.

„Секогаш изгледа како дете од прво одделение. Кога го победи Надал во финалето на Австралиј опен беше како машина. Тоа беше еден од најдобрите настапи во историјата, но во него немаше жар“, пишува меѓу другото Ризон.