Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот и самопрогласен експерт за НЛО („уфолог“) Хаиме Маусан пред максиканските парламентарци презентираше наводните тела од мртви вонземјани изложени во стаклени витрини. Тој тврди дека се донесени од Куско, Перу и вели дека се стари 1.000 години.
Маусан сведочеше под заклетва дека мумифицираните примероци не се дел од „нашата Земска еволуција“, а речиси една третина од нивната ДНК останува „непозната“, објавија мексиканските медиуми.
„Овие примероци не се дел од еволуцијата на нашиот свет. Не се извадени од срушен НЛО. Тие беа пронајдени во рудник за дијатоми (алги), а подоцна беа фосилизирани“, рече Маусан под заклетва, пренесе Гардијан.
Journalist Jaime Maussan reveals 1,000-year-old alien bodies found in Peru! 👽 Studies at the University of Mexico show their DNA is different from humans. 😱#Aliens pic.twitter.com/3mh1YTD7T1
— Total Randomness (@totalrondom) September 13, 2023
Маусен рече дека примероците биле анализирани од Националниот автономен универзитет во Мексико (УНАМ), а научниците кои успеале да добијат примероци на ДНК примениле радиокарбонско тестирање за да ја одредат нивната старост.
„Ние не сме сами во огромниот универзум, мораме да ја прифатиме оваа реалност“, рече Маусан, кој тврди дека јавноста има право да учи за нечовечките суштества и технологии.
Маусан претходно бил поврзан со тврдења за вонземјански откритија кои подоцна биле отфрлени, вклучително и пет мумии пронајдени во Перу во 2017 година, за кои подоцна се покажа дека се човечки деца.