Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Убавото време и поволните услови кои се задржаа повеќе од десет дена овозможија повеќе од 400 луѓе да го искачат највисокиот врв на светот, Монт Еверест, соопштија властите од Непал.
„Повеќе од 400 луѓе оваа сезона го искачија врвот“, изјави Гјанендра Шреста, кој неодамна се врати од базниот камп под Еверест. Во рамки на тие искачувања беа соборени неколку рекорди, вклучително и оној на австралискиот високогорец кој најбрзо ги искачи седумте највисоки врвови на сите континенти.
Седумдесетгодишниот Кинез без две нозе, со протези успеа да го искачи Еверест. Тој во обидот да го искачи покривот на светот во 1975 година, поради измрзнатини, остана без двете нози кои му беа ампутирани. Со неговото искачување оваа година, тој стана втор човек во историјата кој со вештачки екстремитети успеал да се искачи на врвот на светот.
Водачот Ками Рита Шерпа стана единствениот човек на светот кој се искачил на Монт Еверест 22 пати, а Лакпа Шерпа, Американка со непалско потекло, стана единствената жена која го искачила Еверест девет пати.
Но, ниту оваа сезона, која трае од април до мај, не помина без трагедии. Загинаа качувачи од Јапонија и Македонија, како и двајца локални шерпи.
Од 1953 година досега околу 5.000 луѓе го имаат искачено највисокиот врв на светот. Досега имаат загинато околу 300 луѓе во обидот да застанат на највисоката точка од 8.848 метри.