Нови протести на Клинички – овој пат администрацијата на улица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради незадоволство од непокачувањето на нивните плати во 2019 година, додека другите служби од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ добија најава за такви покачувања, администраторите во службите на Клинички центар денеска протестираат клиничкиот комплекс.

Тие се незадоволни од тоа што за нив ќе нема покачување на платите во 2019-та за разлика од други групи на професии во Клиничкиот центар.

Административните работници ангажирани во клиниките се лути и разочарани бидејќи се изоставени од оваа одлука за покачување на платите.

Претходно доктори-специјалисти, медицински сестри, но и технички персонал кој работи на одржување изразија незадоволство на одлуката на Град Скопје да им го поскапи паркингот од 300 на 800 денари месечно.