Нови пресуди и затворски казни за случајот „Двојник“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скопскиот Кривичниот суд денес прогласи за виновни три лица, на кои им изрче пресуди во врска со случајот „Двојник“, за фалсификување на пасоши и документи.

Фарук Буки доби три години затвор, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условна казна во траење од една година.

Од обвинетите кои досега признаа вина, шест добија затворски казни од 1 година и 7 месеци, до 2 години и 7 месеци, додека едно лице доби условна казна.

Во случајот „Двојник“ обвинети се 11 лица, од кои 10 се вработени во МВР. 11-тото лице е посредник, а седуммина од нив признаа вина.

Тие се обвинети поради тоа што во период од 2017 до 2020 година издале 215 нелегални пасоши.