Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер вчера и официјално потврди дека Перишиќ побарал трансфер, а најсериозен интерес за Хрватот покажува Арсенал.
„Топџиите“ веќе испратија понуда за позајмица со право на откуп, но „нероаѕурите“ експресно ја одбија бидејќи не сакаат да го пуштат Перишиќ на позајмица.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба денес имале нова рунда преговори. Интер и Арсенал имаат договор за сумата (40-45 милиони), но миланскиот клуб бара задолжителен откуп на лето.
Доколку Арсенал се согласи на таа опција, трансферот би можел да се комплетира во следните денови.
Во меѓувреме, ѕвездата на Арсенал, Обамејанг стави „лајк“ на објавата дека Перишиќ побарал трансфер и со тоа јасно стави до знаење дека го очекува Хрватот на „Емирати“.