Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Венко Филипче, на денешната прес-конференција, најави нови мерки кои ќе бидат предложени до Владата. Дел од новите мерки се носење на маска насекаде, со некои исклучоци како што се деца до 6 години, при спортување и при возење во возило на една фамилија, потоа забрането групирање по домовите, и на отворен простор по 22 часот.
„Од анализата на состојбата со пандемијата, на светско, европско и на регионално ново, јасно е декаесенскиот бран е тука, и мора да делуваме за да се заштитиме. Иако е стабилно, може да ескалира, и мора да реагираме.
Согласно анализата, донесовме одлука за препорака на нови мерки, со цел спречување на ширење на вирусот:
-забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови. Групирањето во домовите, слави, други собири во групи во едно живеалиште може да бидат најмногу четири лица од една сита фамилија, и плус најмногу четворица други од надвор. Анализите покажуваат дека големиот број од новозаразени се од семејни прослави
– се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.
– се воведува задолжително носење на заштитни маски или друга заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, во јавен и приватен транспорт. Исклучок од ова се при спортување, при транспорт во приватно возило ако сите во него се членови на една фамилија, при престој во службени канцеларии ако лицето е само во канцеларија, при седење во кафуле со почитување на мерките. Исклучок за носењње маски имаат и децата до 6 години.