Нови, повисоки цени на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија се зголемуваат во просек за 1,05%.

Тие оваа своја одлука ја донесоа врз основа на поскапувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период, и тоа кај бензинот за 2,574%, а кај дизелот за 1,568%.

Во истиот период порасна и курсот на доларот за 0,175%, така што од полноќ сите горива кај нас ќе бидат поскапи за половина денар, односно цената на литар еуросупер БС-95 изнесува 61,00 денари, на литар еуросупер БС-98 63 денари, а на литар еуродизел Д-Е V 52,50 денари.