Home Актуелно Нови поскапувања на горивата од вечер

Нови поскапувања на горивата од вечер

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64,50 ден, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 66,50 ден, а Екстра лесното масло за домаќинство за 40 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе изнесува 51,50 денари, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,172 ден/кг и тој сега ќе се продава по цена од во однос на цена од 26,033 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека новите цени на бензините се поради повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар и понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14 дневен период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…