Home Шоубизнис Нови обвинувања против Бен Афлек: „Ме зграпчи за задник, а потоа ми став прст меѓу бутови“

Нови обвинувања против Бен Афлек: „Ме зграпчи за задник, а потоа ми став прст меѓу бутови“

Холивуд го тресе еден од најголемите секс скандали во историјата поврзан со името на Харви Вајнстин, а сега на сличен удар се најде и Бен Афлек.

Сè започна со обвинувањата од ѕвездата на One Tree Hill, Хилари Бартон, која изјави дека ја пофаќал за градите во текот на снимањето на емисија во 2003 година. Потоа протече снимка на која во крило му седи новинарка, додека неговите раце шетаат горе-долу по нејзиното тело.

После тоа, мејк ап артистката Анамари Тендлер на својот Твитер профил ја опиша непријатната средба со Афлек на доделувањето на Златните глобуси во 2014 година.

„И јас би сакала извинување од Бен Афлек кој ме фаќаше за задникот на забава по повод доделувањето на Златните глобуси во 2014 година. Одеше покрај мене, ме заграби за задниците и ми пикна прст помеѓу нив. Мислам дека сакаше да испадне дека ме истава од патот пред него, но наместо за грб, ме зграпчи за задник“, напиша таа.

„Како повеќето жени што би направиле во таа ситуација, не реков ништо, но размислував за тоа што би му рекла ако повторно го видам“, додаде таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …