Нови моменти од бракоразводната сага „Бранџелина“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славните холивудски актери и бивши сопружници, Бред Пит и Анџелина Џоли, постигнале договор во врска со старателството над нивните шест деца, па и формално ќе се разведат за неколку недели. Инаку, тие двајца брачниот заеднички живот го прекинаа пред две години.

Бившата славна двојка која има шест деца, конечно прогласи примирје и нивните адвокатски тимови ги привршуваат документите со кои разводот ќе биде и правно регулиран.

Како што јавуваат светските медиуми, Бред наводно ќе поминува со децата исто време колку и Анџелина, одлука од која актерот е воодушевен.

„Бред и Анџелина ги договорија и другите услови од разводот. Сè ќе се заврши за неколку недели. Ова е голем пресврт со оглед на тоа дека актерката беше прилично остра во правната битка и не сакаше Бред да учествува во воспитувањето и одгледувањето на децата. Клучната работа е дека се согласуваат со поделено старателство. Се шпекулираше дека разводот ќе се поништи, но тоа е далеку од вистината“, вели извор близок со парот кој додал дека поради децата актерите ќе останат во „пристојни односи“.

Бред и Анџелина беа заедно 12 години. Актерката во 2016 година поднесе документи за развод поради „ненадминливи разлики“.

Инаку, актерот веќе една година оди на терапии еднаш неделно за да се опорави од разводот со Анџелина.

По нивното разделување, гласините за нови љубови во нивните животи не стивнуваат. Така медиумите Џоли ја поврзуваа со таинствен агент за недвижнини кој е „згоден и постар“.

За Бред, пишуваа дека повторно се гледа со други жени, па го поврзуваа и со поранешната сопруга Џенидер Анистон која во меѓувреме се разведе со вториот сопруг.

Сепак неговите пријатели за таблоидите тврдат дека тој се уште не е подготвен за сериозна врска.