Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најмасовната и најпопуларна социјална платформа Фејсбук најави дека ќе почне со забрана на таканаречените „deepfake “ видеа кои се изработуваат со помош на софистицирани софтверски алатки, а кои во основа претставуваат лажни видеа кои личат на реални.
Ова е чекор напред во борбата против манипулацијата на интернет, се вели во соопштението кое беше објавено на Фејсбук. Според него социјалната мрежа ќе ги награди правилата според кои ќе може да биде отстрането видео кое е едитирано на начин што не е видлив за просечниот човек. Тоа значи дека видеата кои се наречени „deepfake“ користат односно заменуваат веќе постоечка содржина и со неа креираат слики за кои е речиси невозможно да се каже дали се вистински или не.
„Додека овие видеа сè уште се ретки на интернет, тие претставуваат значаен предизвик за нашата индустрија и општеството како што расте и нивната употреба“, изјави потпретседателката на Фејсбук Моника Бикет во нејзиниот блог пост.
Новите правила нема да вклучуваат пародија или сатира или уредувани видеа со променет редослед на зборови.