Нови лоши вести за Барса: Ракитиќ има фрактура!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лошите вести за Барселона не престануваат после шокантната елиминација од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Играчот за врска Иван Ракитиќ се здобил со фрактура на прстот на левата рака синоќа на „Олимпико“, информираат каталонските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец уште денес ќе биде опериран во Барселона.

Не се знае колку време ќе отсуствува од терените, но целта на Каталонците е да биде спремен за финалето на Купот против Севиља, натпревар кој е закажан за 21-ви април.

Готово сигурно Ракитиќ нема да биде во тимот за првенствените натпревари против Валенсија и Селта.