Нови израелски напади врз Газа – први на чело со новата влада на Израел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Израелските воени сили почнаа воздушни напади врз појасот Газа, . Ова е прва офанзива откако новата коалициска влада ја презеде власта, само неколку недели по 11-дневниот судир со палестинската енклава.

Експлозии се слушнаа на повеќе локации во Газа во средата околу 1 часот по локално време, јавија Ројтерс и АФП, додека радиостаницата управувана од милитантната група Хамас соопшти дека нападите биле насочени кон палестински камп за обука.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) не ги потврдија операциите и не ги коментираа извештаите.

Низ социјалните мрежи кружат снимки што наводно го покажуваат нападот што е во тек, објави РТ. Не е јасно каде се снимени видеата, но според непотврдени информации се вршат голем број напади околу Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот.

Според локалните медиуми, новата офанзива почнала како одмазда за бранот балони-бомби испратени во Израел од локации низ Газа, кои наводно предизвикале најмалку 20 пожари.

Балоните исто така се совпаднаа со израелскиот „Марш на знамето“ низ Стариот град во Ерусалим во вторникот, кој се одржува секоја година во знак на прослава на победата на Тел Авив во Шестдневната војна во 1967 година. Тензиите од маршот се прелеаја во судири, не само во Ерусалим, туку и по должината на границата Газа-Израел, што доведе до повеќекратни апсења. Еден Палестинец беше застрелан во ногата, но е само полесно повреден, објави Тајмс оф Израел.