Home Актуелно Нови измени: Лимитот за плаќање во кеш од 500 се зголеми на 3.000 евра

Нови измени: Лимитот за плаќање во кеш од 500 се зголеми на 3.000 евра

Со новите изменина Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, кои по скратена постапка беа усвоени во македонското Собрание на истекот на изминатата 2019 година, лимитот за плаќање кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра.

Инаку, Министерството за финансии прво го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра, а потоа се намали на 1.000, а од јуни минатата година на 500 евра.

Тогашниот министер Драган Тевдовски ја искажа примената на оваа мерка како една од причините за позитивниот извештај на Европската комисија за борбата со сивата економија.

Меѓутоа, сега лимитот се зголемува од 500 на 3.000 евра со одлука на 54 пратеници, без ниту еден глас против или воздржан, со образложение дека веќе претходната регулатива ги ограничува граѓаните и им создава дополнителни обврски.

„Поради ограничувачкиот законски износ, во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на Законот и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унија како што се Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението на пратениците кои се јавија како предлагачи на законските измени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…