Нови фотки од новиот Голф 8 немаскиран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледот на примерок од осмата генерација од еден од најдолготрајните, најдоследни и најпознати модели на Фолксваген, славниот Голф, беше фотографиран без никакви камуфлажни додатоци на него за време на снимањето на промотивно видео за автомобилот.

Највпечатливата промена направена на задниот дел на осмата итерација на голфот се новите светла кои се поагресивни од оние на моделот во заминување. Иако фотографиите се во ниска резолуција, може да се видат и сосема нови предни светла како и изменета предна решетка поставена пониско отколку кај стариот модел.

Покрај надворешните измени, и ентериерот на новиот голф треба да биде значителен исчекор во однос на актуелниот. На пример, треба да има целосно дигитална инструмент табла и голем екран на централната конзола.

Фолксваген првично најави дека ќе го претстави осмиот голф во септември на автомобилскиот саем во Франкфурт, но промоцијата наводно е одложена за октомври, додека производството треба да почне во септември.